Лејкерс паднаа во Њујорк, Дончиќ и Порцингис се радуваа против Клиперс

Лос Анџелес лејкерс без суспендираниот Леброн Џејмс забележаа пораз на гостувањето кај Њујорк со 106-100 во еден од најинтересните натпревари утринава во НБА-лигата.

Расел Вестбрук одигра одличен натпревар и запиша трипл-дабл со 31 поен, 13 скока и 10 асистенции, а Ентони Дејвис имаше 20 натпревари. Кај Никс, Еван Фурние беше најдобар со 26 поени, а поранешниот Лејкерс, Џулиус Рендел постигна 20 поени и 16 скока.

Далас славеше на гостувањето кај ЛА Клиперс со 112-104 по едно продолжение. Кристапс Порцингис и Лука Дончиќ со 30, односно 26 поени ги предводеа Маверикс, додека Реџи Џексон најмногу се истакна кај домашните со 31 поен и 10 скока. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит – Мајами 92-100
Порталнд – Денвер 119-100