Леброн Џејмс среде натпревар избрка навивачи на Индијана од салата (ВИДЕО)

НБА-лигата има многу ѕвезди, но само еден „Крал“ во името на Леброн Џејмс. Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс утринава беше играч на натпреварот на гостувањето кај Индијана и во победата на својот тим постигна 39 поени. 

Во продолжението од овој неизвесен натпревар се случи нешто интересно. Џејмс отиде до судијата се пожали за двајца навивачи и побара од обезбедувањето да бидат отстраните од покрај теренот. Редарската служба веднаш реагираше и им го покажа патот кон излезот на двајцата навивачи на Пејсерс. 

Џејмс по натпреварот се пожали дека мажот и жената постојано дофрлале кон него со непристојни зборови и гестикулации и претерале со непримерното однесување.