
Леброн беснееше поради една судиска одлука: Зошто имаме екрани?
Дианџело Расел беше во продор кон противничкиот кош, Јокиќ стартуваше на него и се чини дека го фаулираше, но судиите не реагираа. Денвер потоа го сврте резултатот и со погодок на Мареј во последната секунда дојде до победата.
„Не разбирам зошто имаме екран за гледање на снимките. Дианџело Расел е удрен в лице при влез. Поради што еб**о имаме опција за прегледување на снимките ако ни се случуваат вакви работи? Што правиме?“, викаше Леброн.
Лејкерс имаат негатива од 0-2 во првата рунда од плејофот и им се заканува уште една метла од Денвер, како минатата година.