Јокиќ следната година ќе го добие најголемиот договор во НБА-лигата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ следната година ќе потпише нов договор. Новинарот на „ЕСПН“, Боби Маркс објави дека Србинот ќе потпише максимален договор и тој ќе биде најбогат во историјата на НБА-лигата.

Јокиќ во 2018 година потпиша максимален договор вреден 148 милиони долари, а сега ќе добие многу повеќе од тоа, но единствен услов е да биде избран во една од првите три петорки во НБА за годинава.

Исто така, пред Јокиќ, на крајот на сезонава најголем договор може да добие неговиот конкурент Џоел Ембид.

Во моментов најбогатиот договор во најсилната кошаркарска лига го има Јанис Адетокумпо и тој изнесува 228 милиони долари, а зад него е Расел Вестбрук со 207 милиони долари.