Јокиќ и Портер го наполнија кошот на Њу Орлеанс (ВИДЕО)
Најслабиот тим во Западната конференција беше лесен плен за Јокиќ и компанија кои до победата стигнаа со подобра игра во второто полувреме. Првото заврши нерешено (68-68), но во вториот дел Денвер ја засили играта во одбрана и на крајот славеше убедлив триумф.
Особено се истакнаа Портер и Јокиќ кои постигнаа повеќе од половина од поените на Нагетс на овој натпревар. Двајцата остварија дабл дабл, Портер беше најефикасен со 39 поени и 12 скока, а Јокиќ остана на два скока од трипл дабл (38 поени, 10 асистенции).
Во тимот на Њу Орлеанс, најефикасен беше Зајон Вилијамсон со 28 поени, Марфи додаде 25, а Мекалум 19.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта - Сан Антонио 125-126
Шарлот - Милвоки 102-112
Детроит - Кливленд 115-118
Бруклин - Вашингтон 102-119
Филаделфија - Мајами 101-108
Торонто - Мемфис 107-138
Минесота - Чикаго 127-108
Денвер - Њу Орлеанс 144-119
Јута - Голден Стејт 131-128
Оклахома - Феникс 140-109
Сакраменто - Орландо 111-130