Јокиќ е чудо - за 24 часа постигна 104 поени (ВИДЕО)

Еден ден откако постигна рекорд на кариерата со 56 поени, Никола Јокиќ одигра уште еден блескав натпревар во НБА лигата.

Денвер гостуваше во Атланта, а српскиот ас заврши со 48 поени, 14 скока и 8 асистенции, но овојпат неговиот тим славеше со 141-111. Тоа значи дека за еден ден, Јокиќ постигна вкупно 104 поени што е неверојатен ефект дури и за него. Меѓу другото, стана прв играч по Вилт Чемберлен во 1963 година кој на два меча по ред постигнал најмалку 45 поени, 10 скока и 5 асистенции.

Уште од почетокот Денвер влезе максимално мотивирано и фокусирано. Тоа се одрази на резултатот, па по првата четвртина веќе беше 38-23, а на голем одмор се замина со 71-46. Никола Јокиќ по првото полувреме имаше 25 постигнати поени и тоа беше најава дека ќе има уште една блескава вечер.

Покрај него, кај Нагетс се истакнаа уште Портер со 26, Браун со 17 поени, како и Вестбрук со 9 поени и 11 асистенции. Најефикасен кај Атланта беше Хантер со 20 поени, Богдановиќ не играше, а Јанг постигна 15 поени и 10 скока.

РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс - Портланд 107-98
ЛА Клиперс - Хјустон 106-117
Сакраменто - Јута 141-97
Голден Стејт - Минесота 114-106
Сан Антонио - Њу Орлеанс 121-116
Вашингтон - Мемфис 112-140
Орландо - Феникс 115-110
Атланта - Денвер 111-141
Мајами - Кливленд 122-113
Индијана - Шарлот 109-113
Бруклин - Милвоки 113-118
Чикаго - Филаделфија 100-108