
„Јас и Новак - нема споредба, тој е најголем српски амбасадор!“ (ВИДЕО)
На крајот од прес-конференцијата, беше прашан дали можеби ќе се слушнат со Новак Ѓоковиќ, кому сега му претстои Ролан Гарос, а Јокиќ игра финале во НБА, па двајцата се во позиција да освојат големи пехари. Јокиќ одговори со максимална скромност.
„Го немам неговиот број, да бидам искрен. Тој е човек кој ја претставува Србија на многу поголема сцена. Тој е амбасадор на Србија и пример на децеата во Србија, не само на теренот туку и поради сето она што го прави со својата Фондација. Тој е чоек на кого треба да се огледате, јас сакам да сум како него. ТОј прави нешто големо за Србија, за сите... Ние двајца не можеме да се споредиме“, кажа понизно кошаркарот.