Хаос и во НБА: Го закачаа „брат му“, па им се пушти да ги - (пре)тепа (ВИДЕО)

Екипата на Милвоки бакс без поголеми проблеми го совладаа Сакраменто кингс (133-124) на гостински терен, во меч кој имаше хаотичен финиш во стилот на белградското вечно-дерби, кога дојде до голема мешаница на средина на теренот која за малку ќе преминеше во општа тепачка.

Јанис Адетокумпо мирно го привршуваше мечот чекајќи да изминат последните секунди, кога Трејл Лајлс неочекувано и без никаква причина погрубо го фаулира. Тоа го разбесни соиграчот на „Грчкиот ѕвер“, Брук Лопез, кој му се пушти на Лајлс и малку фалеше да го претепа. Кошаркарот на Сакраменто го оттурна Лопез во лицето, кој веднаш остро реагира по што во мешаницата се вмешаа голем број играчи од двата тима. Среќа имаше многу смирени меѓу нив, кои брзо ги оттурнаа највоинствените кошаркари без да има поголем проблем.

Лопез и Лајлс веднаш беа исклучени, а средбата мирно приведена до крајот.