Голема чест: Леброн Џејмс прв го облече новиот дрес на Ливерпул (ФОТО)

Малцинскиот акционер во Ливерпул, Леброн Џејмс, прв го облече новиот дрес на актуелниот англиски шампион, со кој дојде на вечерашниот натпревар на ЛА Лејкерс против Оклахома тандерс.

Најголемата НБА-ѕвезда во моментов во 2011 година инвестира 6,5 милиони долари со што купи два-отсто од акциите на Ливерпул, кои сега вредат шест пати повеќе во однос на првичната инвестиција.