Голден стејт патува со 2-0 во Охајо, Кари урна рекорд на Реј Ален

Кошаркарите на Голден стејт го победија Кливленд кавалирс со 122-103 во вториот натпревар од финалната серија во НБА-лигата.

Голден стејт до 2-0 стигнаа на многу полесен начин, отколку во првиот меч, кој го добија по продолженија со 124-114, па пред да патуваат во Охајо, може да бидат задоволни затоа што не дозволија брејк.

Кливленд неколку пати успеваше да го намали водството на противниците, посебно во третата четвртина, но расположените кошаркари на домаќините во тие моменти додадоа гас и убедливо победија.

Најефикасен во победничката екипа беше Стеф Кари со 33 поени, седум скокови и осум асистенции. Посебно беше добар во последнат ачетвртина, каде што добро шутираше за три поени, па сруши рекорд на Реј Ален со девет тројки на еден меч во финалната серија.

Во победата на домаќините, Кевин Дурант постигна 26 поени, девет скокови и седум асистенции, а Клеј Томпсон додаде 20 поени.

Иако делуваше уморно, Леброн Џејмс со 29 поени, 13 асистенции и девет скокови беше најдобар во тимот на Кливленд, па го премина Карим Абдул Џабар на вечната листа во НБА финалињата. Прв е Џери Вест со 1679 поени, а Леброн е втор со 1327 поени.

Кевин Лав постигна 22 поени за Кливленд, а Џорџ Хил постигна 15.

Наредниот натпревар се игра во Кливленд, во ноќта помеѓу среда и четврток од три часот.