Феникс продолжува да реди победи, славеа и Милвоки и Бруклин (ВИДЕО)

Во НБА-лигата утринава беа одиграни 10 натпревари. Ланскиот финалист Феникс продолжува да гази и ја запиша 13-тата победа по ред. 

Санс славеа на гостувањето кај Сан Антонио со 115-111. Девин Букер со 23 поени го предводеше победничкиот тим, додека Деандре Ејтон имаше 21 поен и 14 скока. Дежонте Мареј беше најдобар кај Спарс, кој запиша трипл-дабл со 18 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Шампионот Милвоки втор пат по ред го совлада Орланд, а утринава на домашен паркет со 123-92. Џру Холидеј со 18 поени беше најдобар кај Бакс, а Јанис Адетокумпо имаше прилично тивок натпревар со 12 поени.

Кевин Дурент со 27 поени го носеше Бруклин до победа од 117-112 на гостувањето кај Кливленд, кој го запиша четвртиот пораз во низа.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Вашингтон – Шарлот 103-109
Бостон – Хјустон 108-90
Чикаго – Индијана 77-109
Њу Орлеанс – Минесота 96-110
Јута – Мемфис 118-119
Сакраменто – Филаделфија 94-102