Џордан ужасен кон фанови кои бараа „селфи“: Тргнете го тоа с*ање (ВИДЕО)

Две момчиња кои навиваат за екипата на Шарлот Хорнетс со часови чекале пред влезот во клупската гаража во желба да ја видат ѕвездата на овој тим, Ламело Бол, но наместо него неочекувано се најдоа во лице со најдобриот на сите времиња, Мајкл Џордан, кој е еден од сопствениците на „стршените“.

Нивната радост била ептен голема мислејќи дека добиле џекпот, но веднаш биле „спуштени на земја“ поради неочекувано дрската реакција на „Летечкиот“. На прашањето дали може да се фотографираат со него беа брутално одбиени.

„Не можете! Тргнете го тоа с*ање“, им викна Џордан со напомена да ги тргнат мобилните телефони.

Едно од децата сепак го „уловил“ целиот инцидент и го објавил на социјалните мрежи, по што легендата на Чикаго булс беше жестоко нападната поради неговото однесување.