
Џеј Ар Смит најголемото тролање го доби од навивачите на Голден Стејт (ВИДЕО)
Кошаркарот на Кавалирс ја имаше победата во свои раце, откако во последните секунди од натпреварот со офанзивен скок ја освои топката по утката на Џорџ Хил од линијата за слободни фрлања, но наместо да шутира тој го трошеше времето мислејќи дека неговиот тим е во водство. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено, па потоа Кливленд загуби во продолженијата.
Очекувано беше целата спортска јавност да му се смее на Смит, кој беше тотално изгубен на натпреварот. Сепак, се чини дека најголемото тролање го доби од навивачите на Голден Стејт, кои утринава за време на вториот натпревар од финалето му скандираа, „МВП! МВП! МВП!“, кога изведуваше слободни фрлања.