Драма во НБА: Познат комичар повраќаше, па во количка ја напушти салата (ВИДЕО)

Познатиот американски комичар Трејси Морган го прекина натпреварот меѓу Њујорк никс и Мајами хит (116-95), откако во еден момент му се слоши и поврати на самиот терен.

На паркетот интервенираа медицинските екипи, по што комичарот беше изнесен од салата во количка.

Ова не е првпат да се соочи со здравствени проблеми во јавност, откако претходно во 2012 година колабира поради замор и висок притисок.