Дончиќ не сакал да го сруши рекордот на Оскар Шмит на Олимписките игри

Лука Дончиќ утринава одигра неверојатен натпревар за Словенија и постигна 48 поени во победата од 118-100 против Аргентина на Олимписките игри. 

Интересно е тоа што Словенецот сега е израмнет на второто место со најмногу постигнати поени на еден натпревар на Олимпијадите со Австралиецот Еди Палубинскас, кој исто така постигна 48 поени против Мексико во 1976 година.

Рекордер и натаму е Оскар Шмид со 55 поени од Олимпијадата во 1988 година, а соиграчот на Дончиќ, Јака Блажиќ откри дека самиот кошаркар не сакал да игра во финишот и ги преседе на клупата последните четири ипол минути од натпреварот.

„Му предложивме на тренерот да го врати Лука на паркетот во финишот, но тој не сакаше да игра“, вели Блажиќ. „Лука не сака да поставува рекорди во репрезентацијата туку сака да победува за Словенија“, искоментира соиграчот на НБА-ѕвездата.

Доколку влезеше во игра во финишот Дончиќ сигурно ќе го срушеше рекордот на Шмит, бидејќи му беа потребни уште само седум поени.