Дончиќ и соиграчите промашија 37 тројки и прокоцкаа плус 17 против Бруклин (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс и покрај очајниот шут за тројка можеа да се радуваат на победа во синоќешната пресметка против Бруклин нетс, но на крајот прокоцкаа убедливо водст о и загубија со 99-102.

„Телињата“ од Тексас имаа предност од 17 поени (71-54) во третиот период, што, сепак, не им беше доволно за да ја минат границата од 50-отсто успешност во досегашните средби сезонава, па сега имаат скор 11-12 и се осми во Западната конференција од НБА. Лука Дончиќ и соиграчите буквално го скршија обрачот на противникот, промашувајќи дури 37 удари за тројка, од кои погодија само девет. Словенецот беше лидер на својот тим со 28 поени, шест скока и девет асистенции, но тоа не беше доволно да се анулира добрата игра на Џејмс Харден со 23 поени, 12 асистенции и девет скока и на Кевин Дурент, кој средбата ја заврши со 24 поени.

Синоќа се играше и најголемото дерби во најсилната лига во светот, во кое ЛА Лејкерс го совлада Бостон селтик (117-102) за 13. триумф сезонава. Клучна беше третата четвртина, која „езерџиите“ ја добија со 31-20. Леброн Џејмс реализира 30 поени, а Расел Вестбрук имаше 24 поени и 11 асистенции во победничкиот тим, додека Џејсон Тејтум со 34 поени беше најпрецизен кај „келтите“.

Во третиот синоќешен меч во НБА, Њујорк никс убедливо славеше на гостувањето кај Сан Антониот спарс (121-109).