Безмилосен настап на Дончиќ: Словенецот си играше со ривалите како со - мали деца (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжи со доминацијата во НБА-лигата, а во победата на Далас маверикс против Хјустон рокетс за малку ќе стигнеше до трипл-дабл.

Дончиќ постигна 26 поени, 14 скокови и седум асистенции, но на натпреварот имаше и преубави потези кои ги воодушевија навивачите.

Словенецот при една акција ги збуни сите со својот потег, а потоа му асистираше на Криштапс Порцингис.