
Стигна потврда - Партизан доби НБА засилување (ФОТО)
Клубот од Белград уште не го потврди тоа, но затоа Вашингтон преку социјалните мрежи објави дека во новата сезона ќе е дел од составот на Жељко Обрадовиќ.
„Нов дом! Брате“, напиша Вашингтон на Инстаграм под негова монтирана фотографија во дресот на Партизан.
Тој ги покрива бековските позиции, а првпат во кариерата ќе игра во Европа. До минатата сезона настапуваше во НБА лигата, во екипите на Индијана и Феникс.