Партизан се засили со најдобриот дански кошаркар, доаѓа и играч на Шарлот

Српскиот и АБА вицешампион Партизан договори едно и е пред договор со уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона.

Црно-белиот дрес ќе го облече најдобриот дански кошаркар во моментов Ифе Лундберг кој во Партизан се сели од Виртус каде ги помина последните две сезони. Со италијанскиот тим освои два трофеја во Суперкупот, а претходно играше за Феникс Санс, ЦСКА, Зјелона Гора, Гран Канарија, Манреса, Хорсенс и Копенхаген.

Пред трансфер во Партизан е и францускиот интернационалец Франк Тиликина кој претходните седум години ги помина во НБА. Последната сезона ја помина во Шарлот, а претходно настапуваше и во Њујорк и Далас. Неговиот трансфер уште не е потврден од Партизан.