ПАО никако да влезе во победничка серија, бадијала одличниот Шортс
Домашниот тим победи по голема драма во последните минути од натпреварот. Панатинаикос имаше два шута за продолжение, прво на Костас Слукас, потоа на Џеријан Грант, но ниту еден од нив не беше успешен. На крајот, Лундберг ја фати топката и беше фаулиран за два пенала. Ги погоди двата, што беше доволно за Макаби да дојде до водство од два поседа (75-71) и да победи.
Израелскиот тим до победата го предводеше Ифе Лундберг со 16 поени и еден скок, по него следуваше Тамир Блат со 15 поени и три асистенции, додека Роман Соркин постигна 13 поени со осум скока и три асистенции. Кај Панатинаикос најефикасен беше Грант со 14 поени, но најдобар во тимот беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 13 поени, седум асистенции, три скока и три украдени топки за индекс 20.
Патанаикос е на осмото место во Евролигата со биланс 14/10, додека Макаби е 14. на табелата со 9/14.