
„НБА е бизнис, додека Евролигата е квалитетно натпреварување“
Џабари имаше одлично деби за Каталонците во АЦБ-лигата против Хувентуд, кога постигна 13 поени за 12 минути.
„Само сакам секој натпревар да ми биде важен. НБА е бизнис каде што имате 10-12 екипи кои се трудат да победат, додека останатите играат поради драфтот. Погледнете ги Демаркус Казинс, Двајт Хауард и Џон Вол кои се без ангажман“, кажа Паркер.Паркер претходно играше за Милвоки бакс, Чикаго булс, Вашингтон визардс, Атланта хокс, Сакраменто кингс и Бостон селтикс пред да се пресели во Барселона.