Лудница во Минхен: Партизан се врати од -27 и го победи Хапоел, славеше и Звезда!
Партизан во Минхен го пречека лидерот во Евролигата, тимот на Хапоел Тел-Авив, а мечот беше спектакуларен.
Црно-белите одиграа катастрофално прво полувреме, а во воведниот дел од третата четвртина имаа и -27, губеа со 37-64. Во тој момент ниту најголемите оптимисти не се надеваа на пресврт, но се случи.
Партизан до крајоот на регуларниот дел успеа да ја стопи предноста на Хапол Тел-Авив, а во финишот се случуваше вистинска драма. Српскиот тим израмни на 88-88. Во последните моменти судиите најпрво признаа кош на Хапол за победа, но по прегледувањето на снимката видоа дека бананата на Фернадо е регуларна и мечот отиде во продолженија.
Во продолженијата и покрај тоа што Партизан беше десеткуван поради исклучувања и повреди, успеа да слави со 104-101 и да запише неверојатен триумф.
Пејн со 19 поени беше најефикасен во составот на Партизан, Лакиќ постигна 15, Фернандо 14.
За разлика од мечот на Партизан, Црвена звезда без многу драма победи откако со 102-93 славеше на гостувањето кај Виртус Болоња.
Црвено белите водеа речиси во текот на целиот натпревар, имаа предност и од највисоки 20 поени разлика, на крајот му дозволија на противникот само да намали и да доживее пораз од девет поени.
Најдобар кај Црвена звезда беше Батлер со 16 поени, Нвора постигна 15, Монеке и Калиниќ постигнаа по 13.