Јабуселе го нападна Кампацо, Љуљ го избрка камерманот (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше против Уникаха со 87-81 во дербито од АЦБ-лигата, но бурна беше атмосферата на клупата на „кралскиот клуб“.

Камерите снимија жестока караница меѓу Факундо Кампацо и Гершон Јабуселе за време на еден тајм-аут.

Додека камерманот се обидуваше да ја сними драмата кај „кралевите“, пристигна Серхио Љуљ кој со пешкир го избрка човекот што снима.