ЦСКА за малку ќе испуштеше сигурна победа, Анадолу Ефес продолжува да меле се пред себе

Екипите на СЦКА (М), Валенсија и Анадолу Ефес забележаа нови победи во кошаркарската Евролига и со тоа ја оправдаа фаворитската улога и борбата за висок пласман во регуларниот дел од сезоната.

Анадолу Ефес игра одлично оваа сезона и по 20 кола се наоѓа на првото место на табелата со 17 победи и само три порази. Вечерва, турскиот гигант славеше на домашен терен против француски Лион со убедливи 101-74, а најзаслужен за овој триумф на домаќините беше Шејн Ларкин со 29 поени.

ЦСКА забележа исто така победа на домашен терен против Басконија со 94-90. Русите и покрај тоа што имаа позитива од 19 разлика на стартот од последната четвртина, на крајот дојдоа до позиција да стравуваат, особено откако гостите на минута до крајот се доближија на само четири негатива (92-88), но не успеаја да направат целосен пресврт.

На третиот меч кој стартуваше од 18 часот, Валенсија забележа победа на гостински терен против Зенит со 86-81.