ЦСКА Москва го договори најдобриот стрелец во Евролигата

Европскиот шампион ЦСКА Москва ја потврди соработката со најдобриот стрелец во Евролигата, Мајк Џејмс, кој потпиша едногодишен договор со руската екипа.

Џејмс пристигнува во Москва од Милано, а минатата сезона ја доби наградата за најдобар стрелец во Евролигата, откако постигнуваше по 19,8 поени по натпревар.

Одличниот кошаркар, исто така, беше втор најдобар асистент во лигата, со вкупно 6,4 асистенции по меч, па ќе претставува големо засилување за шампионот.