ЦСКА ја продлабочи кризата на Фенер: Џејмс и Стрелникс го „изрешетаа“ турскиот гигант

Кошаркарите на ЦСКА Москва забележаа убедлива победа од 88-70 на свој терен против турски Фенербахче, во рамки на 8. коло во Евролига.

Ученикот го надмина наставникот во Москва, откако Димитрис Итудис на свој терен го надигра својот ментор, Жељко Обрадовиќ, и со тоа Фенербахче само ја продлабочи резултатската криза оваа сезона.

Ослабени со неиграњето на Нандо де Коло, Турците беа рамномерни во овој натпревар само во првото полувреме. Во второто, одбраната на Фенер немаше решение за Мајк Џејмс и Стрелникс кои постигнаа вкупно 54 поени (Џејмс 31, Стрелникс 23). На спротивната страна најрасположен за игра беше Слукас со 20 поени, додека еден помалку постигна Вилијамс.

По осум меча, ЦСКА има шест победи, додека Фенер останува на два триумфа.