Црвена Звезда поразена од Басконија по голема драма!

Кошаркарите на Црвена Звезда го запишаа деветтиот пораз во Евролигата, откако вечерва беа поразени од Басконија по голема драма во Шпанија со 85-87.

Екипата од Белград го почна лошо натпреварот и тоа го искористи Басконија која на паузата замина со 52-43, а вистинските возбудувања се случуваа во завршницата. Црвена Звезда преку тројка на Гиедраитис израмни на 85-85, меѓутоа мечот беше со среќен крај за домаќинот кој славеше со 87-85.

Најефикасен кај Ц. Звезда беше Гиедраитис со 24 поени, додека најдобар во редовите на Басконија беше Седекерскис со 18 поени.

Останати резултати:

Жалгирис – Монако 79-83
Олимпијакос – Баерн 77-69
Барселона – Фенербахче 89-81
Виртус Болоња – Макаби Тел Авив 100-90