
Ц. Звезда се тепа да игра во Евролигата од која сезонава нема да добие ниту едно евро!
Со завршувањето на фајналфор-турнирот во Берлин со триумф на Панатинаикос, во јавноста излегоа сумите кои екипите ги добиваат како бонус. Зелените од Атина заработија најмногу и тоа 1,75 милиони евра, додека поразениот во финалето, екипата на Реал Мадрид, доби 990.000 евра. Следуваат Олимпијакос (870.000 евра), Фенербахче (750.000 евра) и Барселона со 640.000 евра. Ова се буквално смешни суми со оглед на буџетите на овие тимови кои се движат од 20 до 40 милиони евра.
Партизан како 11-то пласиран доби 350.000 евра, додека Ц. Звезда не доби ништо бидејќи наградниот фонд ги опфаќа тимовите до 14 место, а црвено-белите завршија како 16-ти. Српските екипи не добиваат пари ниту од ТВ правата, кои се загарантирани само на 11. екипи со А лиценца.