
„Сѐ што сум направил за Македонија ми дава право да се облекувам како сакам!"
Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ се славеше македонскиот ракомет, речиси сѐ беше во знакот на Македонија, и во една таква атмосфера се истакна претседателот на Кошаркарската федерација (КФСМ), Перо Антиќ кој на натпреварот дојде во дуксер од Црвена звезда.
Модното решение на славниот кошаркар наиде на бројни критики и погрдни зборови кон него. Денеска тој во изјава за „ММС“ се правдаше.
„Вчера не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Можев и у дуксер со Меси да дојдам! Имам таков и плав дуксер. Тоа ми е опрема дадена од последната сезона кога играв. Не сум отишол да купам. Ма не се правдам и не сакам ова да изгледа дека се правдам. Секој може да облече што сака, секако и јас. Може и гол да оди, отворен ум, нели сме 21 век. А сите си навиваат за свој клуб. Јас сум кажал и пак ќе кажам дека навивам за Црвена Ѕвезда, Олимпијакос и Фенербахче и тоа ќе остане така. Јас сум нивен фан, јас тоа не го кријам. Но, секако дека Македонија ми е под број еден. И се што јас имам направено за Македонија ми дава за право да бидам облечен како сакам. Македонија ја претставував во најдобро светло низ цел свет. За мене една е Македонија, едно е знамето и една е химната и тоа никогаш нема да се смени. Затоа до злобнициве немам порака, само сакам да им честитам среќна Нова Година, да имаат здравје и малку да се опуштат. Да престанат да бидат негативни, бидејќи има многу поважни работи за кои треба да се коментираат,а не кој како е облечен. Јас Македонија си ја сакам, тоа сите го знаат, затоа за нив само- се најубаво“, вели Перо Антиќ за ММС.
Целата изјава на Перо Антиќ за „ММС“ можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.