Работнички ја запиша нивната 15. победа сезонава во македонскиот шампионат, но до неа стигна по потешкиот пат затоа што вториот тим на МЗТ беше одличен во текот на целиот меч, но сепак загуби со 77-84.

Работнички имаше многу добар старт на натпреварот, па до средината на првата четвртина изгради предност од 11-2, која растеше и 19-8, но вториот тим на МЗТ не се предаваше, па намали на само четири поени преку Наумоски на пет минути пред завршувањето на првото полувреме. Сепак, Бундовиќ и Питс ја одржуваа предноста на Работнички, која на паузата изнесуваше осум поени (40-32).

МЗТ блесна во третата четвртина и влезе во одлична серија, која им помогна да го свртат резултатот во своја корист и по третата четвртина да имаат водство од 60-57. Во последниот дел од мечот се водеше голема борба на паркетот, но Работнички го скрши отпорот на ривалот на три минути пред крајот и потоа со мирен финиш стигна до триумф од 84-77.

Најдобар во екипата на Работнички беше Демиер Питс со 32 поени, четири скокови и четири асистенции, додека кај МЗТ најефикасен беше Максим Митевски со 17 поени, четири скокови и шест асистенции.