Купот не мрда од Скопје – завршницата и третпат по ред во СРЦ „Кале“!

Завршниот турнир од Купот на Македонија, кој го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски-Буштур и трета година по ред ќе се игра во салата „Кале“ во Скопје во организација на КФМ, откако ниту еден правен и физички субјект не изразил желба на себе да ја преземе организацијата на овој настан.

Осумте најдобри екипи во машка и четирите во женска конкуренција по првиот дел од првенствата ќе играат за драгоцениот пехар, кој го бранат екипите на ТФТ односно Баскет кам. Овој настан е закажан во периодот од 16 до 18 февруари, по што следува двонеделна пауза поради настапите на репрезентацијата на Македонија во претквалификациите за ЕП 2025.

Турнирот последен пат беше организиран надвор од престолнината во 2019 година и тоа во Гевгелија, додека следната година не се одигра поради пандемијата со коронавирусот.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

(1) МЗТ Скопје - Кожув

(2) Гостивар – Феникс 2010

(3) Пелистер – Еуро Никел

(4) ТФТ - Работнички

ПОЛУФИНАЛЕ

(5) Победник 1 – Победник 4

(6) Победник 2 – Победник 3

ФИНАЛЕ

Победник 5 – Победник 6