Два од два за талентите на МЗТ Скопје во пресметките со шпански Хувентуд

Со две победи во исто толку пресметки, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром родени 2004 и 2005 година се враќаат од гостувањето во Шпанија каде што ги одмерија со своите врсници од Хувентуд.

По убедливиот триумф во првата средба против вториот тим во оваа возрасна категорија на овој шпански прволигаш (63-49), сино-белите синоќа беа подобри и од најдобриот состав на Хувентуд во категоријата помлади кадети и тоа со резултат 49-44. Избраниците на тренерот Дарко Димитријевиќ се прикажаа во одлично светло и во двете пресметки и тоа против една од најдобрите младински школи во земјата на повеќекратниот европски и светски шампион.

На средбите против Хувентуд во дресот на МЗТ Скопје настапија Тео Војновиќ, Лука Серафимовски, Стефан Маџовиќ, Филип Босилков, Филип Гавриловски, Бојан Стојановски, Јани Буха, Методија Михајловски и Виктор Стојнев.