Волф за потегот на Хамилтон: Изненаден сум, но не му се лутам!

Тото Волф од Мерцедес кажа дека е изненаден од одлуката на Луис Хамилтон да се пресели во Ферари од 2025 година, но не му се лути поради потегот.

Хамилтон се сретнал со Волф во домот на директорот на Мерцедес, по што му кажал дека се договорил со италијанската екипа.

„Почувствува дека е време за промена и го разбирам тоа. Имавме неверојатни успеси и патување на кое испишавме историја. Сакаме на најдобар начин да ја завршиме неговата кариера во Мерцедес. Пиевме кафе во моојт дом, ми кажа дека решил да потпише за Ферари и тоа е сè“, кажа Волф.