Тешки обвинувања до сопругата на Шумахер: Таа лаже веќе девет години!

Корина Шумахер, сопругата на легендарниот возач Михаел Шумахер, веќе со години се соочува со притисок од јавноста затоа што не открива повеќе детализ а неговата здравствена состојба.

Поранешниот менаџер на Шумахер, Вили Вебер води битка против неа со години, а сега ја обвини дека веќе девет години лаже за здравствената состојба на поранешниот возач.

„Над 100 пати се обидов да ја контактирам Корина, но не ми се јави. Го контактирав Жан Тод за да го прашам дали треба да одам во болница, но тој ми кажа дека е многу рано. Им ѕвонев следниот ден, но никој не ми се јави и лут сум поради тоа. Се обидоа да ме тргнат и ми зборуваа дека е рано, а всушност е доцна. Поминаа девет години, таа ме лаже од првиот ден. Михаел ми беше како син“, вели Вебер.

Легендарниот Шумахер заработи тешка повреда на главата при скијање на 29 декември 2013 година.