Само под еден услов: Алонсо се враќа во Формула 1 и тоа на трката во Монца

Двократниот шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, ќе се врати во најбрзиот циркус на трката за Големата награда на Италија, откако Мекларен призна дека тој ќе биде замена за младиот Британец Ландо Норис, доколку повредата на ногата стане посериозна.

Норис се повреди за време на летната пауза во Формула 1 додека трчал. Британецот беше принуден да носи медицинска чизма на ногата пред трката во Белгија, но му беше дадено зелено светло да вози на трката.

Евентуална замена на Норис беше Сергеј Сироткин. Тој е нашиот резервен пилот. Но, веројатно Алонсо би можел да се вклучи во тимот, прокоментира новиот шеф на Мекларен, Андреас Зајдл.