
Револуција во Ф1 - од 2026 година болидите ќе бидат помали и полесни
Според новите правила кои стапуваат на сила во 2026 година, болидите ќе бидат полесни за 30 килограми и за десетина сантиметри пократки од сегашните и ќе имаат мотори со поделба од речиси 50/50 меѓу електричната сила и силата со внатрешно согорување. Ќе имаат предни и задни крила кои ќе се отвораат на рамнините за да се зголемат отпорот и брзината.
Новите хибридни мотори, кои тројно ја зголемуваат количината на електрична енергија, привлекоа во Формула 1 два нови производители - Ауди и Форд и ја убедија Хонда да ја промени одлуката околу напуштањето.