Пол-позиција за Хамилтон, Ферстапен ќе тргне трет, ужас за Саинц во Џеда

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе тргне прв на трката во Џеда, откако имаше голема среќа во последните секунди од квалификациите кога неговиот ривал за титулата, Макс Ферстапен удри во ѕидот и не успеа да мине низ целта, иако дефинитивно ќе го преземеше првото место.

Зад второпласираниот возач во шампионатот ќе тргне неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека третата позиција останува за Ферстапен.

Ужасни квалификации имаше возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој го оштети неговиот болид, а потоа неколку пати се изврте и ќе тргне од 15. место на трката.