Пол-позиција за Ферстапен на последната трка сезонава во Формула 1

Шампионот Макс Ферстапен ја потврди својата доминација и во денешните квалификации, тој оствари најдобро време и прв ќе стартува на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби.

Ферстапен со време од 1:23,445 ја освои пол позицијата. До него во првиот ред ќе стартува возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Од вториот ред ќе стартуваат Оскар Пјастри од Мекларен и Џорџ Расел од Мерцедес. Следуваат Ландо Норис од Мекларен, Цунода од Алфатаури, Ферннадо Алонсо од Астон Мартин, Нико Хулкенберг од Хас, Серхио Перез од Ред Бул и Пјер Гасли од Алпин.

Во денешните квалификации разочараа Хамилтон кој ја освои 11. позиција, како и Карлос Саинц од Ферари кој беше 16.