Нема крај на хаосот во Муџело: Строл се искрши за нов прекин на трката (ВИДЕО)

Хаотичната трка во Формула 1 на Муџело за Големата награда на Тоскана продолжува со нов прекин во завршницата на трката, вторпат со црвено знаме за прекин, откако Ланс Строл се искрши на 15 круга до крајот на трката.

Хаосот на Муџело почна уште на стартот, па по првиот рестарт имаше нов инцидент и првпат црвено знаме за прекин, а сега пред крајот повторно нов хаос и нов прекин. Трката за десетина минути треба да продолжи со последните 14 круга.