Мекларен прави ремонт: Пристигнува директор од Порше

Германецот Андреас Зајдл е поставен за нов генерален директор на Мекларен во Формула 1, откако го напушти Порше.

Не е познато кога Зајдл ќе почне да работи во Мекларен бидејќи управата на тимот ќе мора да се договорат и со колегите од Порше.

„Зајдл е многу способен лидер на тимот со голем успех на патеката. Тоа е уште еден важен чекор во нашиот план за подобрување на резултатите“, вели Зек Браун, извршниот директор на Мекларен.

Зајдл во Ф1 работеше од 2000 до 2009 година и вели дека соработката со Мекларен за него претставува голем предизвик и привилегија.

„Ова е огромна привилегија и предизвик. Ме инспирира тоа што имам шанса да работам во Мекларен“, вели Зајдл.

Од оваа година за Мекларен ќе возат Карлос Саинц и Лендо Норис.