Маркез не е човек: Шпанецот четири дена по операцијата повторно на мотоцикл (ВИДЕО)

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез минатиот викенд на првата сезонска трка во „Херез“ имаше тешко излетување на пет круга до крајот и заработи тешка повреда на десната рака.

Шпанецот во вторникот беше опериран, но тој денеска на слободните тренинзи веднаш се врати на мотоциклот. Иако докторите не му препорачаа да вози, Маркез реши да ризикува и излезе на патеката.

Речиси сигурно е дека попладнево ќе вози и во квалифиакциите за Големата награда на Андалузија што повторно се вози на патеката „Херез“.