Маркез имаше успешна операција, познато кога се враќа во акција!?

Возачот на Хонда, Марк Маркез во вторник успешно беше опериран во Барселона, откако ја скрши раката на стартот на Мото ГП сезоната.

Иако на почетокот се сомневаше дека му се оштетени нервите, поради што актуелниот шампион требаше да паузира до септември, сепак ситуацијата е многу подобра.

Според првите информации по успешната операција, Маркез би требало да се врати за трката во Брно на 9 август.