Квартараро доминантно во Германија, Бањаја повторно не финишираше

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Фабио Квартараро славеше на 10-тата сезонска трка во Мото ГП шампионатот што денеска се возеше за големата награда на Германија. 

Мотоциклистот на Јамаха беше најбрз на „Захсенринг“ уште кога на стартот го мина освојувачот на пол-позицијата Франческо Бањаја. Возачот на Дукати не ја заврши трката, бидејќи падна по само три круга и тоа е четврта трка на која не успева да финишира. 

Французинот потоа возеше соло трка и дојде до третата победа сезонава, а втора по ред и тоа пред Жоан Зарко и Џек Милер.  

Во генералниот пласман Квартараро води со 172 бода, Еспаргаро е втор со 138 додека трет е Жоан Зарко со 111 бодови. 

Следната трка во Мото ГП е за седум дена, кога се вози за Големата награда на Холандија на патеката „Асен“.