Кубица нема среќа: Полјакот ќе направеше страшен инцидент со Хамилтон (ВИДЕО)

Роберт Кубица во текот на кариерата во Формула 1 имаше неколку незгодни несреќи, а тоа не се промени ниту кога премина во рели. Таму доживеа една несреќа, која едвај ја преживеа.

Сега се врати во Ф1 по осум години и деновиве има тестови во болидот на Вилијамс, но на еден од тестовите ќе направеше голем инцидент со Луис Хамилтон.

За среќа, Британецот успеа да го избегне Полјакот и на крајот беше избегнат страшен инцидент.