Крвта да ви се заледи: Алонсо со 300 на час „леташе“ од ѕид во ѕид и остана неповреден (ВИДЕО)

Поранешниот двоен светски првак во Формула 1, Фернандо Алонсо имаше неверојатна среќа во тешката несреќа на својата прва трка Индијанаполис 500, откако со болидот во Инди-кар се заби во бетонски ѕид со брзина од 300 километри на час.

Многупати на една од најбрзите трки на светот, каде се развива и до 350 километри на час, возачи минувале со сериозни повреди и завршувале во болница при слични инциденти. Алонсо трипати со болидот удри во ѕидот, но за среќа мина без гребнатинка.