Храброст или лудост: Маркез ќе вози во недела во Херез?

Шпанските медиуми во среда објавија информација дека светскиот шампион Марк Маркез се чувствува подготвен да вози во Херез, откако направи операција во вторникот.

Првиот чекор кон брзото враќање е направен, а Маркез доби дозвола од докторите да вози мотор три дена по операцијата, иако му беше скршена раката.

За голема среќа не му беше оштетен нерот и рехабилитацијата тече брзо, но никој не очекуваше Маркез да се врати толку брзо на патеката.

Шпанецот, сепак, ќе мора да го мине медицинскиот тест на Мото ГП организацјата, и ако нема никакви проблеми, во сабота и недела ќе го видиме на неговиот мотор.