Хамилтон: Ќе возам во Формула 1 и откако ќе наполнам 40 години!

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон нема намера наскоро да оди во пензија, планира уште долго да се натпреварува.

Од следната сезона Хамилтон ќе вози за Ферари, тоа сака да го прави подолго време. Наредната година ќе наполни 40 години, но не планира да застане.

„Планирам да возам уште. Секако дека ќе возам и во 40-тите. Не се чувствувам како да имам 40, се чувствувам фантастично. Мислев дека сигурно нема да возам во 40-тите, но животот е така лудо патување...“, рече Хамилтон.

Хамилтон потсети и на Фернандо Алонсо кој потпиша нов договор со Астон Мартин до 2026, а тоа значи дека ќе вози најмалку до 45 години.

„Не сум најстар возач тука. Добро е што Алонсо и понатаму е тука. Фернандо е еден од најдобрите возачи кои сме ги имале во спортот и тој ни покажува дека сѐ е можно. И покажува дека дојдена е нова ера кај спортистите во која човечкото тело може сѐ, посебно ако добро се негува“.