Формула 1 ќе се вози во Силверстоун до 2034 година

Трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун ќе се вози најмалку до 2034 година, а тоа го потврди првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали.

Ф1 го продолжи договорот со една од најлегендарните патеки во историјата, а ова е одлична вест за возачите.

„Силверстоун е патека која се наоѓа во срцето на историјата на Формула 1 и се движи кон деветтата деценија откако на неа возат најдобрите“, кажа Доменикали.