Формула 1 ќе се „вози“ и во ек на пандемија со коронавирусот! (ВИДЕО)

Формула 1 ги суспендираше првите пет трки (Австралија, Бахреин, Холандија, Шпанија и Монако) во новата сезона поради пандемијата од коронавирусот. Сепак, организацијата најде пристојна замена за сите љубители на овој спорт. 

Почнувајќи од недела, Ф1 реши да организира виртуелно натпреварување во видеоиграта „Ф1 2019“. Дел од учесниците ќе бидат актуелните возачи од Формула 1 шампионатот, но засега не се откриваат нивните имиња. 

Првата трка ќе се вози за Големата награда на Бахреин во недела, како што требаше да се случи и во реалниот свет. 

Сите љубители на Ф1 трката ќе можат да ја следат преку „Јутуб“ или „Твич“. За да ви доловиме дека ова може да биде многу интересно натпреварување еве еден клип од тоа како изгледа видеоиграта „Ф1 2019“.