Ферстапен со своја прогноза: Четворица пилоти во иднина ќе се борат за титулата!
Во 2019 година бевме сведоци на исклучително привлечниот дуел меѓу двајцата на „Силверстон“, а и во одделни ситуации во други трки од календарот.
Макс и Шарл имаат 21 година, но веќе долго време се противници. Според пилотот на Ред Бул, нивната конкуренција не е така жестока како порано, но секако следат уште многу битки пред нив.
Се натпреварувавме многу цврсто со него, а се разбира, така беше и во картинг. Мислам дека тоа го надраснавме и сега двајцата го живееме нашиот сон во Ф1. Тој е одличен пилот, но не очекувам да се борам само со него. Има повеќе млади таленти како Ландо Норис, можеби Џорџ Расел, можеби Алекс Албон. Многу млади таленти доаѓаат и ако имаат вистински автомобил, можат да направат одлична работа, изјави Ферстапен.